Дома Моторспорт Мик Шумхер со одлично деби во болидот на Ферари!

Мик Шумхер со одлично деби во болидот на Ферари!

Синот на Михаел Шумахер денес го имаше вториот најбрз круг додека на врвот беше Макс Верстапен, зад Мик заврши Норис од Мекларен.

Младиот Шумахер имаше одлично деби во болидот на Ферари и на тестовите во Бахрен го имаше второто најдобро време.

Верстапен имаше најдобро време од 1.29.379 во последните десет минути од тестовите. За Мерцедес најмногу кругови извозе Луис Хамилтон меѓутоа неговиот најбрз круг беше 1.31.156, а тоа беше доволно да има шесто најбрзо време.

Фернандо Алонсо за Мекларен имаше 11-то време, додека Џорџ Расел од Вилијамс го имаше најслабото време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Астон Мартин со нов потег: Од Формула 1 на терените за падел

Тимот се здружи со Паделтек за колекција рекети и додатоци, а во 2027 година соработката т…