Дома Фудбал Франција Meси: Мбапе е посебен играч, вистински ѕвер

Meси: Мбапе е посебен играч, вистински ѕвер

Лионел Меси во интервју за јужноамериканска телевизија испрати пофалби до своите соиграчи од ПСЖ, Килијан Мбапе и Нејмар.

Меси во интервјуто зборуваше за квалитетите на неговите соиграчи и како тој се снаоѓ во Париз.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Со Нејмар и од минатото се знаеме напамает. Во Барселона поминавме одлично време заедно, сакав да бидеме двајцата подолго време во Барселона, но животот повторно не спои во ПСЖ. Навистина сакам да играм со него и да бидам околу него секој ден“.

„Мбапе е посебен играч. Вистински ѕвер. Фантастичен е во играта еден на еден, влетува во слободен простор и многу е брз, затоа постигнува голови. Веќе покажа дека е комплетен играч и во следните години тој ќе биде меѓу најдобрите сигурен сум“, изјави Меси.

Меси за разлика од неговата прва сезона во ПСЖ оваа втора ја започна многу подобро и потсетува на неговите денови од Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …