Дома Останати Тенис Meкинро: Не можете да ми кажете дека Ѓоковиќ не е најдобар во светот

Meкинро: Не можете да ми кажете дека Ѓоковиќ не е најдобар во светот

Поранешниот тенисер Џон Мекинро ја „запали“ атмосферата пред финалето на Австралија опен во кое ќе играат Рафаел Надал и Данил Медведев.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Доколку победи Русинот, тогаш Новак Ѓоковиќ ќе го загуби првото место, а доколку слави Шпанецот, тогаш Надал ќе стане човек со најмногу освоени гренслем-титули.

Легендарниот Мекинро смета дека Ѓоковиќ ќе остане најдобар тенисер во светот, дури и ако го изгуби првото место на АТП-листата.

„Мислам дека тоа што е важно е кој е прв на крајот на годината. Ова е само почеток. Секако, големо постигнување е да бидете прв тенисер во светот, но… Не може да ми кажете дека Ѓоковиќ, кој освои три гренслема и стигна до финале на Ју-Ес опен не е најдобар во свет“, кажа Мекинро.

Српскиот тенисер беше депортиран од Австралија, откако му беше укината визата, па така остана без можност да ја брани титулата во Мелбурн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа ќе игра против Шпанка во првото коло од квалификациите за Вимблдон

Лина Ѓорческа го дозна името на својата прва противничка во квалификациите за Вимблдон. Ка…