Дома Останати Meкгрегор со нови провокации: Ми пречи тоа што тој курвин син се пензионираше!

Meкгрегор со нови провокации: Ми пречи тоа што тој курвин син се пензионираше!

Конор Мекгрегор чесно го призна поразот од Флојд Мејведер во нивната борба минатиот месец, но верува дека таа борба била доволна за тој да собере искуство и да слави доколку имаат втора борба.

Мејведер после победата стигна до биланс од 50:0 и потврди дека тоа е неговиот последен меч и дека не постојат шанси тој да се врати од пензија, но оваа одлука не му се допадна на неговиот противник.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Она што ми пречи и што ме мачи, е што тој мал курвин син се пензионираше. Кога би имале уште една борба сигурен сум дека би победил. Почуствував дека мораше да го менува целосниот пристап кон борбата. На почетокот на борбата не го разбираше она што го правев. Со искуството кое го собрав од нашата борба сигурен сум дека можам да победам. Но, тој има 50:0 и го одработи своето, немам намера да го предизвикувам“, изјави Мекгрегор.

Сепак, кај Мекгрегор постои надеж дека Мејведер сам ќе почуствува потреба уште еднаш да се врати во рингот и да се одлучи можеби и за ММА борба.

„Јас ќе продолжам да ја одработувам својата задача и да се борам, можеби Мејведер ќе почустуваа потреба уште еднаш да се најдеме во рингот, можеби би посакал да се бориме и во ММА“, заврши Конор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Фјури со тешки обвинувања: Усик победи затоа што Украина е во војна

Олександар Усик е новиот светски шампион во бокс, откако во голема борба го победи Тајсон …