Првиот тенисер во светот постигна договор со Светската антидопинг агенција (ВАДА) и ќе биде суспендиран во следните три месеци, па ќе се врати точно пред мастерсот во Рим и Ролан Гарос.
На Италијанецот веројатно ни првото место на АТП листата нема да му биде загрозено, а може да го загуби само под услов Александер Зверев или Карлос Алкараз да ги освојат речиси сите турнири за време на неговата суспензија.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Многу интересен коментар за суспензијата на Италијанецот даде синоќа рускиот тенисер Данил Медведев, и тоа по поразот од Хамад Меџедовиќ во полуфиналето на АТП турнирот од серијата 250 во Марсеј.
„Се надевам дека отсега секој ќе може да преговара со ВАДА и ако тие речат: ‘Го најдовме ова, ќе бидат две години (суспензија)’, вие одговорите: ‘Не, сакам еден месец’. Се надевам дека ќе биде преседан. Инаку, ќе биде чудно“, рече Медведев.