Дома Фудбал Медиумите откриваат што Перез направил за Барселона – каталонскиот гигант нема да му заборави!

Медиумите откриваат што Перез направил за Барселона – каталонскиот гигант нема да му заборави!

Во најновата епизода на подкастот Catalunya Ràdio е откриено како претседателот на Реал Мадрид ѝ подаде рака на својот најголем и најомразен ривал.

Реал Мадрид и Барселона се заколнати непријатели и тоа трае со децении наназад, со тоа што односите се влошија по “случајот Негрејра”. Барселона во тој случај беше обвинета за корупција.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Истражувањето кое го водеше шпанското обвинителство неколку месеци поради сомнеж дека Барселона цели 17 години го подмитувала поранешниот потпретседател на Судската комисија на Примера, Хозе Мариа Енрикез Негрејра, заврши со обвинение за мито и корупција.

Истражувањето утврди дека Негрејра стекнал богатство од 7.5 милиони евра правејќи разни услуги за Барселона, како делегирање на судии, лобирање кај самите арбитри, намалување на суспензии и други казни, нудејќи контакти и договарајќи различни тајни состаноци во корист на еден од најголемите европски клубови.

Во Реал Мадрид беа огорчени од овие сознанија, и дури сметаат дека Барса на сличен начин се обидува да ги спречи оваа сезона во борбата за титулата, па се почести се обвинувањата кон Каталонија.

И покрај сето тоа, претседателот на Реал, Флорентино Перез, не престана да му помага на својот голем ривал. Се наведува дека тој и натаму има срдачен и чест контакт со првиот човек на Барса, Жоан Лапорта, и дека дури му помогнал во некои комплицирани проблеми.

Според новинарот Бернат Солер, Флорентино ѝ помогнал на Барселона да го регистрира Дани Олмо. Исто така, информацијата објаснува дека и Хавиер Тебас, претседателот на Лигата, и други високи службеници на ЛФП тврдат дека претседателот на Реал го повикал претседателот на ЦСД, Хозе Мануел Родригес Урнибас, барајќи да му издадат налог за предострожност за Олмо.

Се верува дека тој повик на крај ѝ помогнал на Барселона да го регистрира играчот, кој го донесе минатото лето од Лајпциг. Тоа, сепак, не било единствената услуга која Флорентино ја направил за Барса во мандатот на Жоан Лапорта.

Тие работи главно биле држани во тајност, но Перез навистина бил корисен за Барселона и Лапорта, иако често во јавноста се добива впечаток дека не можат да се “поднесат”.

Барса на почетокот на годината успеала да го регистрира Олмо, иако постоеше голема загриженост дека нема да има право да настапува во домашните натпреварувања.

Судот ѝ одобри регистрација на Барселона со мерки за предострожност, очигледно и по иницијатива на Перез. Така, пропаднале приказните дека Олмо ќе си оди од Барселона само половина година по неговото доаѓање.

Интересно е што против регистрацијата на Олмо најмногу се спротиставија Севиља, Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пронајден фудбалерот по кој се трагаше по пожарот во Кочани

По страшната трагедија која ноќеска ја потресе Кочани, бројни родители, пријатели и роднин…