Дома Фудбал Останато Meси се изедначи со Роналдо, „Златната копачка“ за Аргентинецот

Meси се изедначи со Роналдо, „Златната копачка“ за Аргентинецот

mesi suarez

Ѕвездата на Барселона Лионел Меси стигна до својата четврта „Златна копачка“ која се доделува секоја година на најдобриот стрелец во Европа, кога во прашање се најдобрите првенства во Европа.

На фантастичниот фудбалер на Барселона му беше доделена награадата за сезоната 2016/2017 во која во шпанската Ла Лига постигна 37 погодоци на 34 натпревари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лионел Меси со своите 37 погодоци зад себе ги остави: Бас Дост 34 погодоци (Спортинг), Обамејанг 31 погодок (Борусија Дортмунд), Роберт Левандовски 30 погодоци (Баерн Минхен), Луис Суарез 29 погодоци (Барселона), како и Един Џеко во Серија А.

За Меси воедно ова беше четврта „Златна топка“, претходно оваа награда ја освојуваше во 2009/2010, 2011/2012 и 2012/2013. Исто така Аргентинецот се изедначи по бројот на „Златни копачки“ со вечниот ривал Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Тен Хаг

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе го откупшти тренер Ерик Тен Хаг, тврдат медиуми…