Лионел Меси многу веројатно донел одлука со која ќе го изненади фудбалскиот свет.
Од вторникот вечерта неговото можно заминување е главна тема во спортските медиуми. На големо се пишува дека Меси заминува и тоа е негова одлука која нема да се промени.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Денес се пишува дека Меси најави прес-конференција на која ќе ги објасни причините за таквиот потег.
Меси е вистинска „икона“ на Барселона и ќе биде многу чудно да го гледаме во друг дрес, најголем дел од јавноста очекуваше Меси кариерата да ја заврши во Барселона. Сепак, тоа очигледно нема да се случи.
Пред стадионот „Ноу Камп“ веќе два дена има протести во кои се бара Меси да остане, а да си замине претседателот Бартомеу. Бартомеу нема намера да замине, а Меси најавил дека ќе го прекине молкот и јавно ќе каже зошто сака да си замине.
Како што објави „Гоал“ датумот би требало да биде утврден многу брзо, очекувањата се да биде во наредните најмногу три-четири дена.