Белгискиот фудбалер и напаѓач од редовите на Наполи, Дрис Мертенс е блиску до потпис на нов договор со клубот.
Мертенс одржал состанок со претседателот Аурелио Де Лаурентис и двете страни наскоро би требало да ја продолжат соработката. Белгиецот е најдобар стрелецот на Наполи, медиумите најавуваат дека новиот договор на Мертенс ќе биде со помала плата од сегашната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во овој момент Мертенс заработува 4.5 милиони евра по сезона, во неговиот договор стои опција за продолжување по истите услови, но Наполи таа нема да ја активира. Според најавите Мертенс би требало да потпише нов договор со Наполи вреден 1.2 милиони евра по сезона, плус бонуси.
Како што пренесува „Кориере дело Спорт“ состанокот помеѓу Де Лаурентис и Наполи траел околу еден час.