Дома Фудбал Лига на шампиони Meдиумите откриваат: Меси бил толку лут што дури заплакал во соблекувалната?

Meдиумите откриваат: Меси бил толку лут што дури заплакал во соблекувалната?

Барселона вчера беше потопена на „Енфилд“, Ливерпул ги победи Каталонците со 4:0 и обезбеди место во големото финале во Мадрид.

Во вчерашното сивило на Каталонците се вклопи и нивниот најдобар фудбалер, Лионел Меси кој го одигра еден од најслабите натпревари во кариерата.
Аргентинецот во реваншот буквално исчезна, а бројките доволно зборуваат колку лошо одигра најдобриот играч на Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меси имал 63 допири со топката (помалку од Александер-Арнолд, Алба, Бускетс, Роберто, Пике, Милнер, Ракитиќ и Фабињо) што е најмала бројка за него оваа сезоа.

Покрај тоа имаше само 41 додавање (просекот во Лигата на шампионите му е 60), од тие 41 додавање шест беа неточни. Меси пет пати шутирал кон противничкиот гол, од кои два удари иделе во рамките од голот, а заработи само еден прекршок.

Меѓутоа она што најмногу паѓа во очи е што Меси имаше дури 17 изгубени топки, само Жорди Алба имаше повеќе од него (21).

Поради поразот на неговиот тим и тоа што слабо одигра Меси беше видно разочаран, не се ни поздрави со противникот и побрзо во соблекувалната.

„Гардијан“ пишува дека капитенот на Барселона дури и заплакал во соблекувалната. Во целото разочарување морал да направи и допинг тест поради што тимот си заминал пред него.

Медиумите пишуваат и дека на заминувањето Меси се сретнал со навивачи на Барселона со кој влегол во мала вербална расправија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…