Дома Македонски спорт Meѓународен боксерски спектакл во Прилеп!

Meѓународен боксерски спектакл во Прилеп!

На 22.06.2019 година во 19:30 часот на Градскиот базен “Маркови Кули – Прилеп ќе се организира професионална боксерска ревија за скор на професионалните боксери во светската професионална боксерска ранг листа.

Од нашата држава во лесно тешка категорија ќе настапи боксерот Ице Трајкоски со скор 1-1-0 против боксерот Енсар Осман од Бугарија.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„По долга пауза со нашиот тим ќе организираме боксерски спектакл со одлична сценографија, девојки за рунди, ди-џеј, професионален водител во ринг, мерење и соочување на боксерите на градскиот плоштад во Прилеп во летната бавча на кафе барот „Оникс“. Боксери ќе има од Македонија, Србија, Албанија и Бугарија. Ќе има одлични борби. Сите боксери ќе се борат за подобрување на рангот на светската ранг листа. Публиката ќе може да ужива во оваа најблагородна вештина. Сакаме да ја информираме јавноста дека нашиот тим одлучи, доколку имаме временски неприлики, ревијата да се одржи во спортската сала на комплексот „Маркови Кули“, вели организаторот Дарко Чатлески.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските надежи поразени од Грузија

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година со пораз ги заврши квалифи…