Дома Фудбал Англија Meдиумите на Островот тврдат: Премиер лигата викендов е одложена за да не падне голем срам!

Meдиумите на Островот тврдат: Премиер лигата викендов е одложена за да не падне голем срам!

Викендов на Островот не се игра фудбал, натпреварите официјално се одложени поради смртта на Кралицата Елизабета.

Клубовите од Премиер лигата на тој начин сакаа да и оддадат почит на Кралицата. Меѓутоа дел од медиумите на Островот пишуваат дека натпреварите повеќе се одложени од страв од реакцијата на одредени навивачки групи.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имено, ако натпреварите се играа секако ќе имаше минута молк, па некои навивачки групи би можеле да го прекинат молкот или пак да се истакнат со срамно скандирање. Затоа во Премиер лигата одлучиле со одложувањето на натпревари да се избегнат ситуации кои би биле срамни за државата.

Такви инциденти веќе се случија во натпреварите од Лигата на Европа токму на денот кога Кралицата почина.

Дека не треба да се одложуваат натпреварите сметаа и англиските легенди Питер Крауч и Гери Невил – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…