Дома Фудбал Мбапе постигна 15 гола, но не се најде во Тимот на сезоната во ЛШ

Мбапе постигна 15 гола, но не се најде во Тимот на сезоната во ЛШ

Килијан Мбапе изненадувачки не се најде во идеалниот тим за сезоната во Лигата на шампиони, независно од тоа што стана најдобар стрелец на турнирот со 15 погодоци. Наместо играчот на Реал Мадрид, како напаѓачи во формација 4-4-2 се одбрани Хари Кејн и Усман Дембеле.

Вкупно, меѓу 11-те има петмина од шампионот ПСЖ, тројца од финалистот Арсенал, двајца од Бајерн (Минхен) и еден фудбалер од Атлетико Мадрид.

Изборот го прави група тренери и поранешни фудбалери селектирани од УЕФА. Меѓу нив се Рафа Бенитес, Роберто Мартинес, Гајска Мендиета, Оле Гунар Солскјер, Гарет Саутгејт, Франк де Бур, Аитор Каранка и други.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас влезе при 0-3: Аталанта со пет порази во десет кола

Елиф Елмас доби шанса дури откако Парма веќе ја обезбеди убедливата предност во Бергамо. А…