Дома Фудбал Мбапе изабра меѓу Роналдо и Меси: Неговиот одговор предизвика лавина реакции

Мбапе изабра меѓу Роналдо и Меси: Неговиот одговор предизвика лавина реакции

Ѕвездата на Реал Мадрид и капитенот на репрезентацијата на Франција, Килијан Мбапе, даде интересни прогнози пред Светското првенство во 2026 година, вклучувајќи ја и вечната дилема меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За време на еден предизвик каде што требаше да избере играч за кој верува дека ќе постигне повеќе голови на Мундијалот, Мбапе поминуваше низ низа фудбалски ѕвезди и ги даваше своите проценки.

Французинот покажа голема доверба во младиот шпански ѕуб Ламин Јамал, на кого му даде предност пред Флоријан Вирц, Мемфис Депај, па дури и Ерлинг Халанд.

Сепак, кога на ред дојдоа најголемите играчи на модерната ера, Мбапе сметаше дека Меси ќе постигне повеќе голови од Винисиус, но потоа меѓу Аргентинецот и Роналдо го избра португалската легенда.

Со тоа му даде предност на неговиот долгогодишен идол во однос на актуелниот светски првак.

Меѓутоа, најинтересниот одговор пристигна на крајот од предизвикот.

Кога требаше да избира меѓу Роналдо и себеси, Мбапе немаше дилема.

Францускиот напаѓач е уверен дека токму тој ќе постигне повеќе голови од славниот Португалец на претстојното Светско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн оптимистичен: Имам големи шанси да ја освојам Златната топка и СП

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека претстојното Св…