Дома Фудбал Мбапе го замолија да ги спореди Меси и Роналдо. Еве што одговори

Мбапе го замолија да ги спореди Меси и Роналдо. Еве што одговори

Францускиот фудбалски репрезентативец Килијан Мбапе (27) имаше импозантна поединечна сезона за Реал Мадрид. Тој беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите и шпанското првенство, но Реал не освои никаков трофеј минатата сезона. Пред Светското првенство, даде интервју за магазинот Sorare, каде што дискутираше за многу теми. Една од нив беше споредбата меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Играв со Меси и против Роналдо. Кристијано е моj идол, но со Лео бев во иста екипа. Нив двајцата се сосема различни играчи. Меѓу нив постоеше одлично ривалство. Некои велат дека Роналдо сѐ постигнал со труд, а Меси е чист талент. Тие навистина не знаат и никогаш не тренирале фудбал во животот”, изјави Мбапе.

Го коментираше и моменталното стање во Реал Мадрид. Навивачите му свиркаа на крајот од сезоната, како и на неговите соиграчи. Имаше и иницијатива за негово исфрлање од клубот. Сепак, тој смета дека е на вистинското место и нема поголем клуб од Реал.

“Реал Мадрид е точно онаков каков што го замислував. Тоа е најголемиот клуб на светот, без разлика што мислат навивачите на Барселона. Секако, Барселона има влијание на фудбалската историја, но Реал е клубот за кој навива најмногу луѓе во светот. Среќен сум што сум тука и што оставам свој белег”, рече Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сеп Блатер откри кого сака на чело на ФИФА

Поранешниот претседател на ФИФА Сеп Блатер (90) на социјалната мрежа X изрази поддршка за …