Дома Останати Кошарка Мајами ја суспендира својата најголема ѕвезда!

Мајами ја суспендира својата најголема ѕвезда!

Мајами Хит издаде официјално соопштение во кое објави дека првата ѕвезда на овој НБА тим Џими Батлер е суспендиран на дури седум натпревари.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мајами се одлучи за овој потег поради, како што се наведува, повеќекратно недостојно однесување кое било штетно за тимот.

„Го суспендиравме Џими Батлер на седум натпревари поради повеќекратни случаи на однесување штетно за тимот низ сезоната, а особено последниве неколку недели“, објави Мајами.

Исто така, од Мајами истакнаа дека ќе ги разгледаат опциите за негов размена, што беше најавувано последниве денови.

И самиот Батлер најави дека тоа му е желба, бидејќи повеќе не е среќен во тој тим.

Останува да го дочекаме развојот на оваа приказна, но според се изгледа дека Батлер наскоро ќе има нов тим, најверојатно во Западната конференција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Каква комедија: Трамп дојде да гледа финале и заспа (Видео)

Вчеравечер се одигра третиот натпревар од големото финале на НБА лигата. Зошто проблемот с…