Бепе Марота како што работеше во Јувентус, така продолжи и во Интер да пронаоѓа одлични слободни фудбалери со кои го засилува титумот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанските медиуми пренесуваа дека Интер преговара со неколку фудбалери на кои им истекуваат договорите на крајот од сезоната, а првиот кој дефинитивно прифатил е Полјакот од редовите на Наполи, Пјотр Зјелински.
Зјелински веќе подолг период се поврзуваше со Интер, се споменуваше и Јувентус, но и клубови од Премиер лигата. На крајот „Нероаѕурите“ победија во трката и го доведоа на четири години со плата од 4.5 милиони евра по сезона, плус бонуси.
Преддоговор со Интер според најавите по завршувањето на Купот на Азија треба да потпише и Мехди Тареми на кого му завршува договорот со Порто.