Дома Фудбал Италија Maлдини за средбата со Гатузо: Се сретнавме во тунелот и се прегрнавме

Maлдини за средбата со Гатузо: Се сретнавме во тунелот и се прегрнавме

Tимот на Милан вчера беше поразен од Наполи во дербито на колото со 0:1 и тој пораз „росонерите“ дополнително ги одалечи од борбата за Скудетото.

Џенаро Гатузо кој сега го води Наполи се врати на „Сан Сиро“ каде што ги помина најдобрите денови како играч, а во еден период и беше тренер на Милан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во славните денови како играч Гатузо во Милан соблекувалната ја делеше со Паоло Малдини кој сега е директор во таборот на „росонерите“. Малдини после натпреварот испрати само пофални зборови за Гатузо.

„Се сретнавме во тунелот и се прегрнавме. Џенаро е тренер кој се развива. Според мене најдобрата работа кај него е што секогаш е отворен за нови идеи“, изјави Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи го избрал наследникот на Покетино?

Oд редовите на Челзи испратиле богата понуда до Антонио Конте со цел да го преземе тимот и…