Дома Македонски спорт Maкедонија до 15 години ремизираше на првата контролка против Црна Гора

Maкедонија до 15 години ремизираше на првата контролка против Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 15 години го одигра првиот од двата предвидени контролни средби против соодветната селекција на Црна Гора.

На тренинг центарот „Петар Милошевски” избраниците на селекторот Дашмир Беар одиграа нерешено 1:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По едно полувреме им припадна на двете селекции.

Македонија беше подобар противник по првите 45. минути. Неколку добри прилики не успеавме да реализираме. Во 45. минути сосема заслужено водство на нашите млади фудбалери. Хисар Али погоди за предност од 1:0.

Во продолжението од средбата противникот успеа да го израмни резултатот. Максим Џукиќ погоди во 75. минута и ги постави конечните 1:1

Македонија: Онур Бешир, Игор Ристов, Горазд Ристовски, Лука Атанасовски, Милош Спасовски, Хисар Али, Марко Киш, Стефан Младеновски, Камечно Андоновски, Беркај Шаини, Албион Муслиу

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ѕвездата од 45 милиони евра го пропушта Европското првенство?

Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:…