Дома Македонски спорт Maкедонија без Трајковски против Финска и Азербејџан

Maкедонија без Трајковски против Финска и Азербејџан

Селекторот Благоја Милевски вчера го објави списокот на повикани фудбалери за натпреварите со Финска и Азербејџан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Напаѓачот Александар Трајковски беше на списокот на Милевски, но сега пристигна информација дека поради повреда ќе го пропушти овој репрезентативен собир.

„Александар Трајковски нема да биде во можност да се стави на располагање на тимот за подготовките и натпреварите на македонската А репрезентација против Финска и Азербејџан“, соопштија од федерацијата.

Стручниот штаб дополнително ќе одлучи дали ќе прати повик до друг фудбалер како замена за повредениот Трајковски. Во Скопје на 17. ноември прво гостува Финска, а три дена подоцна Азербејџан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Брегалница го ангажираше Бразилецот Матеус Лемос

Штипска Брегалница продолжува да го комплетира тимот за новата сезона, а најновото засилув…