Дома Фудбал Матета испрати прва порака по страшниот удар кој го доби од голманот на Милвол (Видео)

Матета испрати прва порака по страшниот удар кој го доби од голманот на Милвол (Видео)

Напаѓачот на Кристал Палас, Жан-Филип Матета, кажа дека се чувствува добро откако голманот на Милвол, Лајам Робертс, брутално влезе на него во натпревар од ФА Купот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Французинот останал на земја, нокаутиран и речиси без свест. Итно му е пружена помош и завршил во блиската болница каде што раната му е санирана со дури 25 конци.

За среќа, неговите зборови ги успокоија навивачите на Палас и сите други кои се грижеа за неговото здравје.

„Подобро сум. Се надевам дека брзо ќе се вратам посилен од кога било. Браво момци на работата што ја завршивте денес“, успеа да им честита на соиграчите за победата од 3:0 и за пласманот во 1/4 финале на ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид не запира: „Кралевите“ подготвуваат уште два големи трансфери

Иако веќе реализираше неколку значајни засилувања ова лето, Реал Мадрид нема намера да зас…