Дома Фудбал Марка: Никој не ја наследи „десетката на Модриќ“ во Реал – дресот чека достоен кандидат

Марка: Никој не ја наследи „десетката на Модриќ“ во Реал – дресот чека достоен кандидат

„Фудбалот веќе долго време го отфрли поимот „десетка“. Не како број, туку како филозофија на играта. Во Реал Мадрид двата сè уште чекаат сопственик. Конкретно, бројот 10 последен пат го носеше Лука Модриќ, во полуфиналето на Светското клупско првенство против ПСЖ. Од тогаш бројот е слободен и го чека достојниот наследник кој од следната сезона повторно гордо ќе го носи“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тоа го пишува Марка со објаснување дека постојат двајца кандидати за наследување на бројот кој остана без сопственик по заминувањето на Лука Модриќ од клубот (во Милан).

Реал Мадрид сè уште треба да ги регистрира Мастантуоно, Гонзало и Асенсио како играчи на првиот тим. Тројцата досега носеа броеви резервирани за играчи од Б тимот. Во моментов се достапни уште само три броја: 10, 17 и 25. Тоа дополнително го ограничува клубот, зошто пред новите засилувања мора да има и заминувања.

Од маркетинг аспект, Реал Мадрид е свесен дека бројот 10 е комерцијално исклучително вреден.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…