Дома Моторспорт Марк Маркез ја напушти болницата, пред него е најголемиот предизвик во кариерата

Марк Маркез ја напушти болницата, пред него е најголемиот предизвик во кариерата

Повеќекратионт светски првак во Мото ГП, Марк Маркез ја напушти болницата после успешната операција во Барселона.

Маркез го оперираше десното рамо после тешката повреда минатиот викенд.

Шпанскиот возач веќе следната недела ќе го започне процесот на опоравување, но она што е сигурно е дека се наоѓа пред најголемиот предизвик во кариерата.

Лекарите не прецизираа кога возачот на Хонда ќе се врати на стазата. Сигурно тоа нема да биде за Големата награда на Андалузија што значи дека за јапонскиот тим ќе вози само неговиот брат Алекс.

После тоа следува неделна пауза што отвара надеж Маркез да се врати за Големата награда на Чешка на 9. август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Мекларен не запира со засилувањата: По возачите, на ред се инженерите на Ганаси

Крис Симонс и Рос Банел се очекува да му се приклучат на Ероу Мекларен за сезоната 2027, д…