Дома Останати Тенис Мареј: Повеќе време поминувам на голф отколку што гледам тенис

Мареј: Повеќе време поминувам на голф отколку што гледам тенис

Легендарниот британец Енди Мареј нема да учествува активно на Вимблдон, бидејќи скоро ја заврши соработката со Новак Ѓоковиќ. Признава дека ако нема активна улога, било како играч или како тренер, нема премногу амбиции да присуствува на тениски настани.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Трикратниот освојувач на грен слем годината ја започна како тренер на Новак Ѓоковиќ. Тоа беше и неговиот прв тренерски ангажман, кој не траеше долго, бидејќи беше завршен и пред Ролан Гарос, а открива дека нема да има активна улога на Вимблдон.

– Немам некои планови. Ако не сум активно вклучен, не одам на тениски натпревари како навивач. Повеќе одам на голф отколку да гледам тенис. Но ако некои од моите деца сакаат да одат, секако ги водам. Секако, ако некој британски играч стигне до финалето на Вимблдон, би одел. Пред некоја година отидов на финалето кога играа Ѓоковиќ и Алкарас, само затоа што имав чувство дека ќе биде голем натпревар – изјави Мареј.

Фотографија: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тенисер на камера остави порака за Лионел Меси: Еве за каква љубов станува збор кон капитенот на Аргентина (Видео)

Иако звучи малку грубо, единствената вистина е дека сите други спортови и натпреварувања з…