Светското клупско првенство, досега најмасовното со 32 клуба и во нов формат, ќе се одржи во Соединетите Американски Држави од 15 јуни до 13 јули 2025 година. Ждрепката за ова натпреварување ќе се одржи вечерва, а во него учествуваат 12 екипи од Европа, шест од Јужна Америка, пет од Северна и Средна Америка, четири од Азија, четири од Африка и една од Океанија. Ќе бидат извлечени осум групи со по четири клуба во секоја.
Ова натпреварување ФИФА го организира непрекинато од 2005 година, по првото издание кое се одржа во 2000. Од следната година ќе биде во нов формат и ќе се одржува на секои четири години. Новото издание на натпреварувањето предизвика многу критики во последните неколку месеци, бидејќи многумина приговараат за проширувањето на веќе пренатрупаниот календар.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имајќи предвид невообичаениот термин за одржување на турнирот, јасно е дека многу клубови во своите состави ќе имаат играчи чии позајмици или договори истекуваат на крајот од јуни. ФИФА одлучи да го реши овој проблем со воведување на трет преоден рок за фудбалерите.
Покрај вообичаениот зимски и летен рок, треба да се воведе уште еден кој ќе трае од почетокот на јуни до 10 јули, пишува „Марка“.