Манчестер Јунајтед повторно е во криза со резултатите, а сега повторно се шпекулира за неверојатно скап трансфер кој клубот би можел да го направи веќе во зимскиот трансфер период.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ни по заминувањето на Ерик тен Хаг, на „Олд Трафорд“ не цветаат рози и овој тим се наоѓа во незавидна форма.
Во последниот натпревар во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед на свој терен загуби од Борнмут со 0-3, што беше уште еден голем удар за навивачите на овој клуб.
Тимот се наоѓа на 13. место во Премиер лигата со 22 освоени поени, што дефинитивно е понижувачко за „Црвените ѓаволи“.
Како што се навикнавме во изминатите години, кога не оди, а често не оди, сопствениците ја отвораат касата и реализираат скап трансфер.
Манчестер јунајтед сака да го засили нападот во јануари со нигериската гол машина, Виктор Осимен.
Тој летово неочекувано замина на позајмица од Наполи во Галатасарај, а веќе после половина година може повторно во петте најголеми лиги.