Дома Фудбал Манчестер Сити слави, Арсенал тагува на „Итихад“: Англија ја очекува незапаметен крај на сезоната! (Видео)

Манчестер Сити слави, Арсенал тагува на „Итихад“: Англија ја очекува незапаметен крај на сезоната! (Видео)

Манчестер Сити во дербито од 33. коло на Премиер лигата го победи Арсенал на Етихад и тотално се вклучи во борбата за титулата шампион.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Арсенал го загуби можеби најважниот меч на сезоната. Топџиите беа поразени од Сити и сега повеќе ништо не е во нивни раце во борбата за титулата шампион на Англија.

Спектакуларен меч беше виден во Манчестер, а лудилото почна во 16. минута кога Рајан Черки постигна гол за 1:0.

Меѓутоа, само две минути подоцна резултатот е 1:1. Џиџи Донарума со неверојатна грешка му подарува гол на Кај Хаверц и тоа е 1:1.

И потоа во 65. минута хаос на Етихад. Ерлинг Халанд постигнува гол за водство на Сити од 2:1.

До крајот на мечот многу искри, многу жестоки дуели. Меѓутоа, Арсенал немаше доволно сила да создаде шанса која ќе им донесе изедначување се до 95. минута кога Хаверц промашува уште една одлична шанса.

На крајот остана 2:1 за Сити, кој сега е на минус три зад Топџиите, но со еден меч помалку кој за три дена го играат против Барнли на гостување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англичаните во проблеми пред натпреварот со Гана. Кејн со завој на тренинг

Англиската репрезентација се соочува со предизвици поради повреди пред вториот натпревар о…