Дома Фудбал Манчестер Сити на полноќ му зададе тежок удар на Реал Мадрид

Манчестер Сити на полноќ му зададе тежок удар на Реал Мадрид

Преговорите се завршени, младиот фудбалер заминува во Манчестер Сити, иако во Реал Мадрид го детектираа како своето следно дефанзивно засилување.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Реал Мадрид сѐ уште се опоравува од поразот со 2-5 од Барселона во финалето на Шпанскиот Суперкуп. Додека Флорентино Перез и Карло Анчелоти бараат начин да ги подобрат работите, правејќи листа на потенцијални засилувања и за зимата и за летото, Манчестер Сити им нанесе нов удар.

Една од главните желби на Реал во одбранбениот дел беше талентираниот бразилски стопер Витор Реис. Перез го посакуваше по секоја цена, бидејќи е познато какви проблеми има Реал во последната линија низ целата сезона, а сега е објавено дека Сити го купил.

Фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо синоќа објави дека Витор Реис е играч на Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендарниот голман кој лани ја заврши кариерата паднал во депресија: Не знам што да правам со животот…

Легендарниот голман на Марсеј и светскиот шампион со Франција во 2018 година, Стив Манданд…