Дома Фудбал Манчестер сити долго време се мачеше, прими и гол од половина терен, но не дозволи сензација! (Видео)

Манчестер сити долго време се мачеше, прими и гол од половина терен, но не дозволи сензација! (Видео)

Се намачија избраниците на Пеп Гвардиола во натпреварот против третолигашот Лејтон Ориент, но на крајот се радуваа на победа со резултат 1:2.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Први до водство стигнаа домаќините и тоа со гол од половина терен. Шутираше домашниот фудбалер од огромна далечина, а топката од пречката го погоди голманот Ортега во грбот и заврши во мрежата.

Водството на домаќините беше актуелно се до 56. минута кога по ударот на Рико Луис, Хусанов го измени правецот на движење на топката и го измамаи противничкиот чувар на мрежата.

Голот со кој „граѓаните“ стигнаа до победа и следна фаза во ФА Купот го постигна Кевин Де Брујн на десетина минути пред крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал на чекор до титулата

Арсенал направи и предпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер лигата, која му …