Дома Фудбал Манчестер сити долго време се мачеше, прими и гол од половина терен, но не дозволи сензација! (Видео)

Манчестер сити долго време се мачеше, прими и гол од половина терен, но не дозволи сензација! (Видео)

Се намачија избраниците на Пеп Гвардиола во натпреварот против третолигашот Лејтон Ориент, но на крајот се радуваа на победа со резултат 1:2.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Први до водство стигнаа домаќините и тоа со гол од половина терен. Шутираше домашниот фудбалер од огромна далечина, а топката од пречката го погоди голманот Ортега во грбот и заврши во мрежата.

Водството на домаќините беше актуелно се до 56. минута кога по ударот на Рико Луис, Хусанов го измени правецот на движење на топката и го измамаи противничкиот чувар на мрежата.

Голот со кој „граѓаните“ стигнаа до победа и следна фаза во ФА Купот го постигна Кевин Де Брујн на десетина минути пред крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн: По постигнатиот гол само се браневме. Тоа не е доволно на ова ниво.

Англиските фудбалери на неочекуван начин останаа без место во финалето на Светското првенс…