
Сезоната заврши, сезона на тага за Јунајтед. Останаа без трофеи, без излез во Европа, ги очекува неизвесност, пред сѐ поради финансиските загуби.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Следува продажба на играчи, поточно на оние на кои Аморим не смета, а ќе видиме дали некој од клучните играчи како Бруно Фернандеш ќе го напушти тимот. Има понуда од Саудиска Арабија, но засега нема информации дека сонародникот е подготвен да се откаже од него.
Сепак, „Ѓаволите” веќе купуваат. Првото засилување е решено, не е изненадување, Матеус Куња доаѓа на „Олд Трафорд“.
Бразилецот од Вулвс беше мета на Јунајтед, неговата клаузула од 62.5 милиони фунти ќе биде активирана веќе денес и поранешниот играч на Лајпциг, Херта и Атлетико доаѓа на Олд Трафорд. Тој во текот на завршената сезона постигна 15 гола во ПЛ и ги остави “Волците” над борбата за живот.
Фото: Принтскрин