Дома Фудбал Манчестер Јунајтед се откажал: Еден клуб се поблиску до Донарума!

Манчестер Јунајтед се откажал: Еден клуб се поблиску до Донарума!

Џанлуиџи Донарума е на чекор да го продолжи својот фудбалски пат во Манчестер Сити.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Овој врвен голман на денешницата не успеа да се согласи со ПСЖ за обновување на договорот, а тренерот Луис Енрике потврди дека тој ќе ја напушти екипата.

Во последните денови, се појавија гласини дека Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед покажале интерес за неговите услуги. Сепак, најновите информации сугерираат дека Јунајтед се повлекол од заинтересираните.

Донарума има договор кој истекува следната година, а актуелниот европски првак за неговите услуги бара околу 50 милиони евра.

Во 2021 година, Донарума пристигна во ПСЖ по драматичното разделување со Милан, клубот во кој израснал. Тој ги бранеше боите на Парискиот клуб на 107 натпревари и се смета како еден од клучните играчи за освојувањето на европското првенство оваа година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти: Бразил нема ѕвезда, им недостасуваат играчи како Роналдо

Новиот селектор на Бразил, Карло Анчелоти, јасно порача дека денешниот тим нема суперѕвезд…