
Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг сакал да го стопира трансферот на Ентони на Олд Трафорд.
Тен Хаг не сакаше да го доведе Ентони во Јунајтед, откри агентот на холандскиот експерт, Кис Вос.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Најверојатно, двајцата сакаа да го запрат трансферот на Бразилецот, но Јунајтед успеа да го доведе, иако претера со цената на поранешниот играч од Ајакс.
Арсенал исто така беше заинтересиран за него, па за да не го засили нивниот ривал, Јунајтед плати околу 100 милиони евра за крилниот напаѓач.
Ентони одигра 96 натпревари за Јунајтед и постигна само 12 гола. Оваа сезона игра за Бетис, каде „процуте“.
На 26 натпревари за шпанскиот тим постигна девет голови во сите натпреварувања и запиша пет асистенции.
Фото: Принтскрин