
Македонската фудбалска репрезентација одигра реми 0:0 против силната Белгија и го задржа првото место во групата.
Резултатот на полувреме беше без голови и на двете страни и покрај бројните шанси на “Црвените ѓаволи” и торпедирањето кон голот на Столе Димитриевски.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Ние имавме само два шута кон голот, но одлично се браневме и на полувреме заминавме без примен гол.
Во вториот дел Белгија тргна со сите сили кон нашиот гол бидејќи беше голем фаворит на натпреварот. Меѓутоа, стануваше се по нервозни домашните фудбалери, а Македонија се бранеше организирано.
На крајот успеавме да останеме непоразени да се вратиме со голем бод од гостувањето во Гент.