Фудбалската репрезентација на Македонија со добриот настап во Лигата „Ц“ и петте победи во шест натпревари со едно реми си обезбеди и напредок во шеширите за квалификациите за Светското првенство во 2026.
За Мундијалот кој ќе се игра во САД, Канада и Мексико, Македонија ќе биде сместена во третиот шешир што значи дека ќе имаме две послабо рангирани селекции во нашата група.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од групите место на Мундијалот обезбедуваат само победниците, додека најдобрите четири второпласирани играат бараж.
Прв шешир: Франција, Шпанија, Англија, Белгија, Холандија, Португалија, Италија, Германија, Хрватска, Швајцарија, Данска и Австрија.
Втор шешир: Србија, Унгарија, Украина, Турција, Шведска, Велс, Полска, Словачка, Романија, Грција, Норвешка и Чешка.
Трет шешир: Шкотска, Словенија, Ирска, Финска, Грузија, Албанија, МАКЕДОНИЈА, Исланд, Босна и Херцеговина, Северна Ирска, Црна Гора и Израел.
Четврти шешир: Бугарија, Луксембург, Белорусија, Ерменија, Косово, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Латвија, Фарски Острови и Литванија.
Петти шешир: Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн и Сан Марино.