Дома Моторспорт Мајстор за Формула 1: Ја погоди сензацијата во Монца и си заработи 33.000 евра!

Мајстор за Формула 1: Ја погоди сензацијата во Монца и си заработи 33.000 евра!

Фински обложувач се покажа како вистински мајстор и си освои 33.398 евра откако го погоди исходот на сензационалната трка во Монца.

Тој уплатил само 20 центи (12 денари) дека Пјер Гасли, Карлос Сајнц и Ланс Строл ќе бидат на пиедесталот на крајот на трката.

Гасли триумфираше пред Сајнц од Мекларен и Строл од Рејсинг поинт, а ваквиот исход го збогатил Финецот за повеќе од 33.000 евра.

Тој имал опција и да одигра дека Гасли ќе победи пред Сајнц и Строл, така ќе имал добивка од 166.990 евра, но секако и вака не му е лошо.

Што да се каже освен – браво мајсторе и со среќа да си ги трошиш!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Тешки падови на Филип Ајленд, Маркез го украде врвот во финишот

Марк Маркез беше најбрз на првиот тренинг во Австралија, со само 0,048 секунди предност пр…