Дома Фудбал Majката на Мбапе шокираше: Ако можевме на ПСЖ ќе му земевме и 10 милијарди евра!

Majката на Мбапе шокираше: Ако можевме на ПСЖ ќе му земевме и 10 милијарди евра!

Килијан Мбапе и во овој преоден рок се поврзува со заминување од Пари Сен Жермен како и претходно, а сега во јавноста се огласи мајката на напаѓачот, Фајза Ламари.

Мбапе беше критикуван дека во ПСЖ останал само поради пари, како и дека е преплатен. Сепак, Ламари не гледа ништо лошо во астрономските суми кои ПСЖ ги исплаќа на нејзиниот син.

ПСЖ на Мбапе му даде плата 72 милиони евра бруто по сезона, но многу милиони фудбалерот добива и преку бонусите на годишно ниво.

„Зошто да чувствувам вина или срам? Нема такво нешто. Ако можевме ќе му земевме на ПСЖ и десет милијарди евра. Едноставно така функционираат работите денеска“, изјави Ламари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата Лига на нации носи пет ривали, но Македонија прво мора да го зачува рангот

Од 2028/29 Лигата на нации ќе има три ранга и поинаков распоред на противниците. За Македо…