Дома Топ вести Maрсело: Нема да добијам нов договор, а бев пример на сите…🎥

Maрсело: Нема да добијам нов договор, а бев пример на сите…🎥

Бразилскиот интернационалец Марсело летово ќе биде слободен играч бидејќи му истекува договорот со Реал Мадрид.

Марсело пристигна во Реал Мадрид на почетокот на 2007 година од Флуминенсе и „кралевите“ освои се што можеше да се освои. Иако веќе има 34 години, јасно е дека се уште може да игра на врвно ниво. Бразилецот не играше премногу оваа сезона, иако имаше „зацементирано“ место во стартниот состав повеќе од десет години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марсело оваа сезона одигра само 18 натпревари и многумина сметаат дека Карло Анчелоти без причина го исфрлил од првиот тим бидејќи е јасно дека Бразилецот може уште многу да пружи на теренот.

Тој е играчот со убедливо најголемо искуство во тимот на кралскиот клуб и затоа ја доби капитенската лента после заминувањето на Серхио Рамос, но не ја носеше многу бидејќи немаше можност за тоа.

Сепак, и покрај се, очигледно е дека Марсело се надеваше дека ќе остане во Реал Мадрид и дека клубот ќе му понуди нов договор. Марсело е подготвен на секакви услови само за да остане, меѓутоа изгледа тоа нема да се случи.

На последниот натпревар од Ла Лига, камерите го снимија Марсело како разговара со Лукас Васкез на клупата, а како што пренесуваат шпанските медиуми, тој во разговорот му кажал дека му е жал што нема да остане.

Марсело секако верува дека сепак заслужил да добие нов договор и дека сите овие 15 години бил вистински пример за тоа како се однесува професионалец. Сепак, тоа изгледа не беше доволно за челниците на клубот да му понудат нов договор.

„Клубот нема да ми даде нов договор, а бев пример на сите…“, наводно му кажал Марсело на својот соиграч.

Марсело доби шанса да игра во вториот дел за да се прости од навивачите на Реал Мадрид кои го поздравија со овации и покажаа дека Бразилецот веќе има статус на легенда во овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…