Дома Македонски спорт Maрко после обидот да исплива 64 километри се огласи и испрати силна порака

Maрко после обидот да исплива 64 километри се огласи и испрати силна порака

marko

Малиот херој од Охрид Марко вчера се обиде направи нешто што е тешко дури и за возрасни професионални маратонци, а не пак за едно 13 годишно дете.

Марко се обиде да исплива маратон од 64 километри: Охрид – Св.Наум – Струга – Охрид, но се откажа после испливани скоро 12 километри и нешто помалку од пет часа поминати во охридското езеро.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дека Марко може повеќе доказ е минатогодишниот подвиг кога ја преплива делницата Св.Наум – Охрид која е долга 30 километри.

После обидот, Марко се огласи преку социјалните мрежи и испрати силна порака.

„Желбата и волјата се крилја за големи дела.“
Нашиот Марко имаше силна желба и цврста волја да плива делница која е вистински предизвик за професионалните маратонци, а не за еден тринаесетгошник. Сепак, поради силни болки во ногата беше приморан да го прекине соло маратонот во должина од 64 километри кој го посвети на лицата со ретки болести.

„Марко измина 4 часа и 49 минути во водите на Охридското Езеро и мина 11 километри и 840 метри.

Утре сите заедно да ја дадеме нашата поддршка, да придонесеме за подигнување на свеста за ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ и да бидеме НИЕ тие што ќе ја направат разликата!“, стои во објавата на Марко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…