Дома Фудбал Останато Maнџукиќ: Да не играм за мене беше ново искуство, со Роналдо совршено се разбиравме

Maнџукиќ: Да не играм за мене беше ново искуство, со Роналдо совршено се разбиравме

Марио Манџукиќ после полусезоната во која не запиша ниту еден настап за Јувентус го напушти клубот и се пресели во Катар во тимот на Ал-Духаил.

Хрватскиот напаѓач ретко зборува за медиумите и пораки испраќа преку социјалните мрежи. Во прошталното писмо кое неодамна го објави Манџукиќ ги спомена Бепе Марота и Алегри, но за претседателот на Јувентус, Ањели и новиот спортски директор Фабио Партичи не кажа ништо.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Да не играм за мене беше ново искуство, но борец сум целиот свој живот и се борев за да останам во форма. Очигледно морам да ги запознаам моите нови соиграчи, се чуствувам добро и останав во добра кондиција. Но, не сакам да зборувам за минатото затоа гледам напред. Се што сакав да кажам на таа тема, кажав преку социјалните мрежи и нема да повторувам“.

Новинарите беа упорни, па го прашаа дали можеби имал конфликт со Роналдо.

„Сите знаат дека тој е неверојатен играч и дека напорно работи да биде што подобро. Уживав да играм со него, совршено се разбиравме“, изјави Манџукиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…