Вечерва Манчестер Сити ќе биде без Серхио Агуеро во натпреварот од Лигата на шампионите против Олимпик Марсеј.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аргентинскиот напаѓач имаше проблеми со рехабилитацијата по операцијата на коленото, а против Вест Хем поради болки го заврши натпреварот после првото полувреме.
Засега не е познато колку Агуеро ќе биде надвор од терените, претходно Гвардиола изјави дека очекува пауза за Агуеро од најмалку 10-15 дена.
„Не знаеме многу, зависи од повредата. Најмалку ќе паузира 10-15 дена, но ако е посериозно ќе нема да можеме да сметаме на него од три недели до еден месец“, гласеше изјавата на Агуеро.