Дома Македонски спорт Мак фудбал Maнев пред Тиквеш: Сакаме позитивен резултат, но свесни дека ќе биде тешко во Кавадарци

Maнев пред Тиквеш: Сакаме позитивен резултат, но свесни дека ќе биде тешко во Кавадарци

Младинскиот репрезентативец Јован Манев се враќа во составот на Брегалница за утрешниот последен есенски натпревар во Првата македонска фудбалска лига и гостувањето против Тиквеш во Кавадарци.

Манев, поради жолти картони, паузираше на натпреварот против Работнички во Штип на кој отсуствуваа и Мојсов, Додев, Муарем…


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Посакуваме со позитивен резултат да ја завршиме есента иако сме свесни дека ќе биде повеќе од тежок натпревар во Кавадарци. Мора сериозно да пристапиме на натпреварот. Ни недостасуваат голем број играчи, но лично верувам дека можеме до бодови од дуелот против Тиквеш кој има навистина тим за почит“ – вели Манев.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Брегалница на Градскиот стадион во Кавадарци се игра утре (11. декември) со почеток од 13 часот, а ќе биде во живо пренесуван на МТВ и на ТВ Арена спорт.

Фото: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Судиите ова коло биле без грешка – и во ПМФЛ и во ВМФЛ!

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 32 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните…