Дома Македонски спорт Maкедонија до 19 години убедливо поразена во Анталија од врсниците од Бугарија

Maкедонија до 19 години убедливо поразена во Анталија од врсниците од Бугарија

Репрезентацијата на Македонија до 19 години денес претрпе убедлив пораз во натпреварот со врсниците од Бугарија.

Нашите надежи доживеаа пораз од 0:4 во пријателскиот натпревар во Анталија. Клучните беа 14 минути во вториот дел кога нашите репрезентативци примија три гола. Победата за Бугарија ја донесоа Георги Трифонов и Мартин Сораков со по два гола.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во 34. минута Трифонов го отвори резултатот и се до 60. минута беше актуелен тој резултат, а тогаш надежите на нашиот сосед ни дадоа три гола за 14 минути за конечни 0:4.

Бугарија дури и пропушти уште неколку прилики за поубедлива победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

УЕФА донесе важна промена пред Европското првенство

УЕФА им дозволи на селекторите за Европското првенство во Германија да повикаат 26 фудбале…