Дома Македонски спорт Maкедонија двапати гостувала во Англија и не загубила – Шаќири Англичаните никогаш нема да го заборават!

Maкедонија двапати гостувала во Англија и не загубила – Шаќири Англичаните никогаш нема да го заборават!

Maкедонската фудбалска репрезентација денес ја очекува голем натпревар на „Олд Трафорд“ против Англија. „Гордиот Албион“ е светска велесила, меѓутоа Македонија во минатото се покажала како незгоден противник за Англичаните.

Можеби звучи чудно, но Македонија има две гостување кај Англија и во двете сме останале непоразени. На првото, во 2002 година одигравме 2:2 во Саутемптон на „Сент Мери“, додека во вториот како и денес се играше во Манчестер во 2006 година, тој дуел заврши без голови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од дуелот на „Сент Мери“ вечно ќе се памети и голот на Артим Шаќири кој го матираше Дејвид Симан директно од корнер за водство на Македонија уште во 11-тата минута. Вториот гол за Македонија на тој дуел го постигна Ванчо Трајанов, додека за Англија стрелаа Дејвид Бекам и Стивен Џерард.

Покрај двете гостувања, со Англија имаме и два натпревари одиграно дома, но тие сме ги загубиле, во 2003 1:2 и во 2006 со 0:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…