Дома Фудбал Италија Maтераци ги избра најдобрите три стопери – со едно име посебно изненади

Maтераци ги избра најдобрите три стопери – со едно име посебно изненади

0

Марко Матераци е поранешен член на Интер и своевремено важеше за еден од најдобрите стопери во Европа.

Поранешниот репрезентативец на Италија ќе остане запаметен по инцидентот со Зинедин Зидан, но секако дека навивачите на Интер би сакале и денес да имаат еден таков играч во последната линија.

Матераци од 2001 до 2011 година го носеше дресот на Интер со кој освои пет титули во Серија А И една во Лигата на шампионите, а беше шампоон на светот со Италија во 2010 година.

Сега, кога има 45 години и од својот удобен дом ги следи случувањата во најсилните првенства во светот, а сега доби задача да ги избере според него најдобрите тројца стопери во светот. Интересно е што ги изостави Вирџил Ван Дијк или Жерар Пике…Најмногу во неговиот избор веројатно зачудува изборот на Ромањоли.


Следете го Sportski.mk и на


„Кои се најдобри стопери според мене денес? За мене тоа се Калид Кулибали, Серхио Рамос и Ромањоли. Кога би бил тренер сигурно би сакал да имам некој од нив тројца во последната линија на мојот тим“, гласеше изјавата на Матерација.

Токму вечер човекот кој најмногу изненадува во неговиот избор, Ромањоли ќе има тешка задача бидејќи неговиот Милан го очекува големото градско дерби против Интер.
Овој натпревар е исклучелно важен за двата тима кога во прашање е борбата за Лигата на шампионите.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Видео: Легендите на Ливерпул и Милан играа на „Енфилд“, Жерард и Пирло како во најдобрите денови!

Денес на „Енфилд“ беше одигран хуманитарен натпревар помеѓу легендите на двата европски ги…