Дома Македонски спорт Maрио Ѓуровски промовиран во нов тренер на Муантонг Јунајтед

Maрио Ѓуровски промовиран во нов тренер на Муантонг Јунајтед

Поранешниот македонски репрезнетативец Марио Ѓуровски е именуван за тренер на Муантог Јунајтед каде што играше во два периоди од 2012 до 2015 и минатата година пред да ја заврши играчката кариера.

Ѓуровски започна како тренер на „Б“ тимот на Муантонг, a сега доби шанса да го води првиот тим. Со овој тим како играч Ѓуровски во 2012 година ја освoи шампионската титула, па сега ќе се обиде тоа да го направи и како тренер.

Ова секако е голема чест за Ѓуровски кој репрезентативниот дрес го носеше на 12 натпревари.

Ќе потсетиме кариерата Ѓуровски ја започна во Чукарички и Звезда, па играше за Војводина, за од таму да се пресели во Металург Доњецк после што започна неговата епизода во Тајланд каде што покрај Муантонг играше за Банког Јунајтед и Банког Глас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Борец не заслужи да изгуби, но Шкендија ги однесе трите бода од „Зоран Паунов“ 🎥

Во рамките од 15. коло во македонската прва лига денес играа Борец и Шкендија. Натпреварот…