Дома Фудбал Англија Maне и Салах се неверојатни, но има нешто и во третата гарнитура!

Maне и Салах се неверојатни, но има нешто и во третата гарнитура!

liverpool

Мохамед Салах и Саидо Мане и се вистински предводници на одличниот тим на Ливерпул кој во на последниот натпревар го декласираше Порто со 0:5.

Англиските статистичари успеаа да пронајдат еден интересен податок. Имено, Ливерпул е најефикасен во својата трета гарнитура на дресови – портокаловите. Медиумите во Англија тврдат дека токму тие ја носат „напаѓачката среќа“ на „црвените“.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Со овие дресови Ливерпул настапуваше и во споменатиот натпревар против Порто во Лигата на шампионите.

Кога се ќе се собере, Ливерпул одигра шест натпревари во портокаловата опрема, а на овие натпревари фудбалерите на Јирген Клоп постигнаа неверојатни 24 погодоци. Кога ќе се додаде дека Ливерпул овие дресови ги носи само на гостувањата податокот е уште повеќе импресивен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Саутегјт откри од што не е задоволен во играта против Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт истакна дека е задовол…