Дома Фудбал Останато Maне имал договорен трансфер во Манчестер Јунајтед, раскажа како Клоп го убедил да дојде во Ливерпул

Maне имал договорен трансфер во Манчестер Јунајтед, раскажа како Клоп го убедил да дојде во Ливерпул

Садио Мане разговараше со Џејми Карагер, а во тој разговор сегашниот фудбалер на Ливерпул откри дека во 2016 година го одбил Манчестер Јунајтед.

Мане имал скоро договорен трансфер на „Олд Трафорд“, но потоа дошол телефонски повик од Јирген Клоп кој го убедил да ја смени одлуката и да потпише за Ливерпул.

„Ќе признаам бев блиску до Манчестер Јунајтед, се беше договоренот, ме чекаше само потписот. На крајот јас се предомислив. Сакав да одам во Ливерпул, бев убеден дека проектот кој ми го претстави Клоп е вистинскиот за мене“.

Контакт со Мане Клоп имал уште кога бил тренер на Борусија, па така Германецот го започнал разговорот.

„Го паметам разговорот се ја ви и ми кажа: Здраво, Садио сакам да ти објаснам што се случи со Дортмунд…Поради одредени причини тој трансфер пропаднал. Се обиде да ми објасни, а јас му верувам затоа што знам дека се случуваат и такви работи“.

„Потоа ме повика во Ливерпул обраќајки ми се со зборовите: „Дортмунд е минато, ајде сега да се фокусираме на минатото, сакам да ми се придружиш во Ливерпул. Имаме голем проект и сакам ти да бидеш важен дел од него““, раскажа Мане.

Во овој период Мане се поврзува со заминување од Ливерпул, се споменува Баерн, но Сенегалецот се уште не се изјаснил дали воопшто сака да заминува од „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кеси: Не можев да и кажам „не“ на Барселона

Барселона денес и официјално го претстави новото засилување, Франк Кеси, кој доаѓа од Мила…