Романските медиуми пренесуваа дека Дејан Манасков кој ќе го напушти Веспрем кариерата ќе ја продолжи кај Чави Пасквал во Динамо Букурешт.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Манасков во Динамо би требало да биде едно трите засилувања заедно со Станислав Кашпарек и Али Зеин. Со нив Динамо ќе тргне по успех во Лигата на шампионите наредната сезона. Сезонава тимот на Пасквал ја одбрани титулата во првенството и си обезбеди место во елитата.




Од претходно Манасков најави дека ќе го напушти Веспрем. Во овој момент тој се опоравува од повредата на коленото и би требало да му помогне на унгарскиот тим во финишот од сезоната.




Во кариерата покрај Веспрем Манасков го носеше дресот уште на Металург, Вардар, Вецлар и Рајн Некар Левен.