Дома Фудбал Maкедонија без Трајковски против Финска и Азербејџан

Maкедонија без Трајковски против Финска и Азербејџан

Селекторот Благоја Милевски вчера го објави списокот на повикани фудбалери за натпреварите со Финска и Азербејџан.

Напаѓачот Александар Трајковски беше на списокот на Милевски, но сега пристигна информација дека поради повреда ќе го пропушти овој репрезентативен собир.

„Александар Трајковски нема да биде во можност да се стави на располагање на тимот за подготовките и натпреварите на македонската А репрезентација против Финска и Азербејџан“, соопштија од федерацијата.

Стручниот штаб дополнително ќе одлучи дали ќе прати повик до друг фудбалер како замена за повредениот Трајковски. Во Скопје на 17. ноември прво гостува Финска, а три дена подоцна Азербејџан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…